Добредојдовте на ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок а врз основа на Вашето поднесено барање.

Ви благодариме за довербата,

ЗЕЛС,

Министерство за транспорт и врски

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека информацискиот систем е-градежно земјиште е надграден во интерес на поедноставена постапка на потпишување на поднесувањето нови барања или постапување по веќе поднесени барања (потпишување на чекорите во постапката). Оттука, веќе не е потребно да користите JAVA аплет и посебни верзии на прелистувачи. Потребно е еднократно да го преземете и да го инсталирате софтверскиот додаток, доколку станува збор за 32-битен оперативен систем кликнете ТУКА или 64-битен оперативен систем кликнете ТУКА.

Од моментот на инсталација можете да користите било кој пребарувач и било која негова верзија без да користите било кое издание на JAVA верзија.

Истовремено укажуваме дека без инсталираниот софтверски додаток опишан погоре, нема да можете да постапувате во системот (JAVA веќе нема да биде препозната при потпишувањето).

Софтверскиот додаток се инсталира само еднаш на било кој компјутер и тоа за постапките за јавно наддавање или за непосредна спогодба!

Со почит,

ЗЕЛС,

Министерство за транспорт и врски

е-Градежно земјиште


НАПОМЕНА!

Поради повисок степен на заштита на електронскиот систем за градежно земјиште, интернет страницата на која е поставен овој систем е видлива и достапна само за пристап од мрежа која е регистрирана во нашата држава. Интернет адресата на системот нема да биде видлива, ниту ќе може да се пребарува или да се пристапи кон системот преку интернет мрежа која е регистрирана во странство во било која држава глобално.

Оттука, сакаме да Ви укажеме дека можеби со оваа промена ќе направиме потреба од Ваше мало прилагодување, во случај да сте планирале да пристапите или да работите по предметите во системот и од странство, заради што се извинуваме, но бараме разбирање заради безбедноста на системот како наш висок приоритет!

Со почит,

ЗЕЛС